Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Томче Трајановски: Децата треба да уживаат на натпреварите и да научат да го сакаат фудбалот
Томче Трајановски: Децата треба да уживаат на натпреварите и да научат да го сакаат фудбалот

Томче Трајановски: Децата треба да уживаат на натпреварите и да научат да го сакаат фудбалот

Најмладата Вардарова генерација која оваа сезона се натпреваруваше во детската лига, момчиња родени “2007“ година успеа да станат шампиони на Македонија во детската лига. Радоста кај нашите најмлади надежи беше голема, кои преку целата сезона одиграа доста борбено и покажаа завиден квалитет на игра. Томче Трајановски ја имаше можноста да работи со овие деца, кој им ја пренесе својата љубов кон фудбалот, но истовремено беше пример за секој тренер како треба да се однесува со деца на таа возраст. Имавме можност да поразговараме со него, кој ни ги сподели своите впечатоци од сезоната која измина и работата со генерацијата “2007“.

-Приоритет ни беше да се натпреваруваме, а не да освојуваме награди. Секако секој што се натпреварува сака да биде прв. Ние оваа година освоивме прво место, како што знаете се натпреварувавме со две екипи Вардар (1) и Вардар (2), кои често ги ротиравме играчите во двете екипи. Тие се мали деца и не можат да се носат со мислата дека некој е Вардар (1) а друг Вардар (2). Речиси година ипол работам со оваа генерација. Се направи една селекција од девет играчи, кои што се понапредни од другите, што немора да значи дека другите  неможат да го достигнат нивното ниво на игра доколку се амбициозни. Во ммоментов генерација родени “2007“ година има околу 24 деца, од кои девет посебно се талентирани и се истакнуваат. Тука е Милош Спасовски кој игра и за генерација “2006“. Го земавме и Александар Грашески од екипата на Спорт Ефе, дете родено “2008“ година кој е суперталентиран и кој ќе биде големо засилување за екипата. Од 24-26 јуни ќе настапиме на турнир во Краљево. Потоа ќе играме и на турнири во Охрид и Битола. 

Прекрасно е чуството да бидеш секојдневно опкружен со деца кои со големи емоции ги играат натпреварите, а радоста од победите и освоениот трофеј е нешто што неможе да се опише.

-Секогаш велам дека е една радоста на децата се додека не започнат да земаат плата, потоа е сосема друго. Оваа радост треба да се види и доживее. Децата треба да уживаат и да научат да го сакаат фудбалот. Во спортот успеваат само најупорните. Јас ги воспитувам да бидат прво добри ученици и луѓе, а потоа и фудбалери. Тоа е приоритет на секое дете на оваа возраст, изјави Томче Трајановски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски