Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Љупка Белмезова: Резултатите покажуваат дека сме една скала погоре од претходната сезона и доказ за нашиот напредок како тим
Љупка Белмезова: Резултатите покажуваат дека сме една скала погоре од претходната сезона и доказ за нашиот напредок како тим

Љупка Белмезова: Резултатите покажуваат дека сме една скала погоре од претходната сезона и доказ за нашиот напредок како тим

Заврши една успешна сезона за младата екипата на ЖРК Вардар Јуниор. Овие девојки има со што да се пофалат, имаа напорна година пред себе каде успеаа да стигнат до второто место во најсилната супер лига. Вицешампионското место добива на поголемо значење бидејќи се пласиравме пред екипата на Металург, која пред почетокот на сезоната беше голем фаворит за таа позиција која водеше во ЕХФ натпреварувањето. Сепак Вардарки излегоа подобри во меѓусебниот дел, а  триумфот на домашен терен од шест гола позитива им го донесе најдобриот пласман во историјата на овој тим. За впечатоците од измината сезона во домашните натпреварувања и Челинџ купот, како и очекувањата за следната натпреварувачка сезона ќе можете да прочитате од голманот на Вардарки, Љупка Белмезова имаше добра сезона пред себе и имаше голема улога во добрите игри на Јуниор.

-Минатата сезона јас лично ја сметам за најуспешна за мојата екипа ЖРК Врадар Јуниор и секако најуспешна за мене лично. Освоивме второ место во домашната супер лига, а во челинџ купот стигнавме до четвртина финале. Овие резултати покажуваат дека сме една скала погоре од предходната сезона и е жив доказ за нашиот напредок како тим. Во домашното првенство дел рутински, дел со благи падови, бодовно се држевме рамо до рамо со ЖРК Металург. На крајот во плејоф-от со победата од 25:19 над Металург мислам дека заслужено го освоивме второто место. Упорната работа си го даде резултатот.

ЖРК Вардар Јуниор паралелно се натпреваруваше и во Челинџ јупот, каде стигна во најдобрите осум екипи. На патот до завршниот турнир ни застана екипата на Карпати од Украина. Претходно беа елиминирани тимовите на Лондон Ејнџелс и Војводина Минаква.

-На меѓународните натпреварувања од оваа сезона, најмногу ќе жалам за поразот и елиминацијата во четврт финалето од Карпати од Украина, натпревар кој можеби мислевме дека ќе бидее најлесен, но таков е ракометот и спортот. Понекогаш победуваш, а понекогаш и “учиш“. Од овој пораз стекнавме големо искуство и се сложувам дека пласман до четвртфиналето е успех, но од овој меч секогаш ќе ни остане една тага.

Младиот тим предводен од Симе Симовски ги има сите услови да се развива во уште посилна и компактна екипа. Следи одмор за девојките, а од следната сезона со нови сили кон остварување на уште поодбри резултати.

-Мислам дека во изминатата сезона достигнаве едно повисоко ниво на воиграност меѓу нас играчите и добивме повисоко ниво на зрелост како ракометарки. Условите кои ги имаме во Вардар се фантастични. Ние тука на тренинзите секојдневно буквално дишиме ракомет, работиме напорно со нашите тренери, но сеуште учиме и сме во фаза на развој и сеуште не сме зрели ракометарки, но сме на добар пат и нашите успеси од година во година ќе се зголемуваат, а во тоа сум сигурна, изјави Љупка Белмезова за нашиот сајт.

Звонко Ивановски