Екипата на Копенхаген ќе биде противникот на Вардар, во третото квалификациско коло од лигата на шампионите. Вечерва на стадионот “Паркен„ се одигра реванш мечот, помеѓу екипите на Копенхаген и Жилина, во кој славеа гостите со резултат 1:2. Сепак поради триумфот на Данците од првиот натпревар одигран во Словачка (1:3), тимот на Копенхаген е тој што обезбеди пласман во следната рунда, каде го чека Вардар.
По првото полувреме Жилина имаше водство од 0:1, со голот на Отубанџо. На стартот на вториот дел, домашниот тим го израмни резултатот на 1:1, со погодокот на Вербиќ од пенал, додека гостинот од Словачка повторно успеа да ја врати предноста и во 58 минута со голот на Каса, да поведе со 1:2. До крајот на натпреварот, резултатот остана истиот, по што со вкупен резулат од 4:3, екипата на Копенхаген продолжува понатаму во најголемото натпреварување.