2017 година е година на Македонскиот клупски спорт. Вака пишува Хрватски Indeh.hr кој го потенцира успехот на ракометните екипи на Вардар, а сега и на фудбалскиот клуб со пласманот во следното квалификациско коло од лигата на шампионите. Ја пренесуваме целосната сторија на овој медиум во Хрватска:
Ракометарките на Вардар се Европски вицешампиони, додека ракометарите во Келн испишаа историја. Македонците во Германија дојдоа како апсолутини аутсајдери. Речиси сите ракометни стручњаци очекуваа финале помеѓу дрим тимот од Париз и најтрофејниот клуб во историјата на ракометот, екипата на Барселона, но сјајните момци од Скопје направија сензација. Најпрво во полуфиналето во една драматична завршница со голот на Лука Циндриќ ги срушија каталонците, за во големото финале со погодокот на Иван Чупиќ во последната секунда да го поразат ПСЖ, на браќата Карабатиќ, Омејер, Хансен, и.т.н.
Третото спортско чудо го направија фудбалерите на Вардар, кои во второто квалификациско коло од лигата на шампионите го елиминираа фаворитот Малме од Шведска. На првиот натпревар беше 1:1. На вториот, Малме по првото полувреме имаше водство од 0-1, благодарение на голот на Розенберг од пенал. Но во вториот дел, Вардар ги “шокираше„ Швеѓаните со голем резултатски пресврт.
Во ракометот, Вардар беше долго време време блиску до врвот и само се чекаше чекорот напред, кој се случи оваа сезона. Од друга страна во фудбалот, каде е потребно поголемо вложување отколку во ракометот, славниот скопски клуб полека но сигурно се наметнува како екипа, против која на никој нема да му биде лесно. Вардар во последните четири Европски настапи испаѓаше во второто коло, но на три пати беше блиску до елиминација на многу појаки екипи.
Клучна личност, во преродбата на Македонскиот спорт е Сергеј Самсоненко.
Во Македонија доминира спортот, а клучната личност за преродбата е рускиот сопственик, Сергеј Самсоненко, кој најпрво ги превзема ракометниот клуб, а од следната 2014 година, во своја сопственост го има и фудбалскиот. Клаузулата во договорот го обврзуваше годишно да вложува по 1.5 милиони евра, што од тогаш и го прави тоа, а неговите вложувања дојдоа до израз, како во ракометот, така и во фудбалот.
Во Србија го одбија, а во Македонија направи чудо.
Малку недостасувало, Самсоненко никогаш да не заврши во Македонија. Не е тајна дека русинот, пред да заврши во Скопје, сакал да инвестира во српскиот ракомет. Самсоненко фрлил око на женскиот ракометен клуб Врњачка Бања, но таму беше одбиен, така што руските пари завршија нешто појужно. Во 2013 година станува сопственик на ракометниот клуб, за потоа да го превземе и фудбалскиот. Изгради нова арена „Јане Сандански“ , во чиј склоп се наоѓа спа центар, базен, болница, и хотел со четири ѕвезди.
Незнам дали знаете, но Вардар покрај Европски шампион во машка конкуренција, има и женско финале. Вардар има најдобри услови од сите ракометни клубови во Европа, инфраструктура, спортска сала, комплекс за тренинг и се што е потребно за нормално функционирање на еден голем клуб. Ние во Хрватска таквите работи можеме само да ги сонуваме. Ние немаме ни свој ракометен дом. ПСЖ колку и да е финансиски моќен, игра во сала, која во минатато беше складиште, додека Вардар игра во ракометен храм, кој за сите други е научна фантастика. Секако овој успех не дојде преку ноќ. Рускиот сопственик вложува средста неколку години, постави вистински систем на работа, а тоа што се случи во Келн е резултат на паметно вложување.
Во Русија го гледаат Самсноненко како спасител.
Дека Самсоненко врши одлична работа во Скопје, го сфати и неговата земја, Русија, која е поранешна ракометна велесила, а последниве години чека резултати на голема сцена кои никако да се случат. После слабите резултати на СП во Франција и дебаклот во квалификациите за пласман на ЕП во Хрватска, рускиот ракометен сојуз реши да направи промени од “корен„, За нов селектор на Русија го ставија Едуард Кокшаров, на местото на Дмитри Торгованов. Инаку Кокшаров работи како спортски директор во Вардар, додека за координатор на машката ракометна репрезентација е поставен, Сергеј Самсоненко.
Дали Вардаровиот рецепт ќе успее и во земјата која е во голема ракометна криза, што се однесува на машиот ракомет, останува да видиме, но многу добро знаеме што работи Самсоненко, а во тоа се увери и Никола Карабатиќ, завршувa Хрватски Indeh.hr.