Екипата на ФК Копенхаген пристигна во Скопје, каде утре ќе го одигра првиот натпревар од третото квалификациско коло со тимот на Вардар. Официјалната страна на противникот истакнува, дека Копенхаген пристигнал во Скопје, каде темепературата се движи од 35-40 степени, но дека утре пред почетокот на мечот очекуваат пониски температури. Тренерот Солбакен во Скопје донесе 20 играчи, кои се во конкуренција за утрешниот дуел против црвено-црните.
Вечерва тимот треба да одржи прес-конференција и да го има првиот тренинг на арената “Филип Втори„.