Данскиот првак ФК Копенхаген денеска пристигна во Скопје. По пристигнувањето тренерот на тимот Солбакен одржа прес – конференцијата пред денешниот тренинг на својот тим. Тренерот на данците даде пофални зборови за нашиот тим, но и напомена дека Вардар има свој слаби страни кои ќе гледаат да ги искористат на утрешниот натпревар.
“Дојдовме во Скопје со една цел, да не си поминеме како нашите соседи од Шведска. Го гледавме двомечот, анализиравме и можам слободно да кажам дека Вардар има одличен тим, со врвни индивидуалци. Би ги извдоил Фелипе, Балотели и капитенот Грнчаров. Секако дека тука се и двајцата играчи за врска Николов и Спировски, како и голманот Гачевски кој бранеше одлично и на двата натпревари. Има Вардар секако и свои слаби страни, сега секако нема да ги кажам но ќе се обидеме да ги искористиме на утрешниот меч” – изјави тренерот на ФК Копенхаген.