Екипата на Копенхаген денес треба да пристигне во Скопје и вечерва да го има првиот тренинг на арената “Филип Втори„ во пресрет на утрешниот натпревар од третото квалификациско коло, против нашиот фудбалски шампион.
Тренерот на Данскиот шампион, Стале Солбакен со себе понесе 20 играчи за овој прв натпревар против Вардар. На листата на повикани играчи се најдоа: Андерсен, Бенгстон, Јохансон, Квист, Вербиа, Тоту, Матиќ, Сантандер, Павловиќ, Томсен, Антонсон, Грегуш, Куск, Роерслев, Боилесен, Олсен, Луфтнер, Сотириу, Аманква, Кристиансен.
Копенхаген пристигнува во Скопје во победничка атмосфера, откако во саботата го победи Рандерс со 0:3 и го запиша првиот триумф во националното првенство.