Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Далибор Костовски: Големата мотивација и желба беа пресудни за победата против А.Пандев
Далибор Костовски: Големата мотивација и желба беа пресудни за победата против А.Пандев

Далибор Костовски: Големата мотивација и желба беа пресудни за победата против А.Пандев

Пионерите на ФК Вардар стигнаа до многу важна втора последователна победа во лигата, откако на домашен терен ја совладаа екипата на Академија Пандев, минимално со резултат 1:0 што беше доволно да се освојат бодовите. Тоа беше вкупно трети триумф за црвено-црните од пет одиграни кола оваа сезона, каде имаат уште и два нерешени резултати. Одлучувачкиот гол падна на стартот во второто полувреме го постигна Азер Омерагиќ. Целиот тим е за пофалби, пред се дефанзивната линија која делуваше сигурно и не дозволуваше опасности по нашиот гол. Стоперот на вардаровите пионери, Далибор Костовски за нашиот сајт ги сподели впечатоците од триумфот против струмичани.

-Влеговме во натпреварот со многу голема мотивација и желба, бидејќи знаевме дека ако го добиеме овој меч дека ќе бидеме први на табелата. Јас сум задоволен од мојата и  од играта на целиот тим кој изгинавме на терен за да дојдеме до триумф на овој натпревар. Знаевме дека ќе биде тешко, со оглед на тоа дека Академија Пандев се цврста екипа на која е тешко да и постигнеш гол. Полека се враќаме на победите, после елиминацијата од купот.

10

Оваа генерација ја брани шампионската титула од минатата сезона, а Костовски верува дека со новиот предводник може да се стигне до посакуваната цел.

-Од оваа генерација мислам дека и оваа година може да се очекува максимумот, се надевам дека пак ќе завршиме како лидери и ќе го подигнеме трофејот. Во оваа екипа има многу добра атмосфера, каде со напорна работа можеме до титулата, а сметам дека ние тоа го можеме со нашиот тренер Игор Кралевски.

Звонко Ивановски