Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Далибор Костовски: Уште од стартот на натпреварот се виде нашата голема желба да победиме
Далибор Костовски: Уште од стартот на натпреварот се виде нашата голема желба да победиме

Далибор Костовски: Уште од стартот на натпреварот се виде нашата голема желба да победиме

Помладите пионери се единствената генерација која викендов забележа победа во дуелите со екипата на Шкендија. Избраниците на Марковски убедливо го добија дербито против екипата на Шкендија, натпревар кој се одигра на теренот во населбата Јане Сандански. Црвено-црните славеа висока победа со резултат од 4:1. Стрелци на головите беа Трајановски, Мирков, Крстевски и Омерагиќ. Еден од главните играчи во оваа генерација на Вардар е капитенот Далибор Костовски, без кого не може да се замисли дефанзивната линија на Вардар. Тој за нашиот сајт ги сподели очекувањата за мечот против тимот од Тетово.

25

-Дадовме се од себе за да победиме, тоа се виде уште од старот на натпреварот кога напаѓавме на противничката половина. Знаевме дека нема да биде лесно да се победи големиот противник, можеби очекувавме победа, но не изразена со висок резултат. Целиот натпревар го имавме под наша контрола, ја надигравме екипата на Шкендија го дадовме максимумот од нас. Многу задоволен од прикажаната игра и од залагањето на моите соиграчи. Ние бевме многу мотивирани и сите игравме како екипа, како што му доликува на нашиот Вардар. Треба само вака да продолжиме, со ваква игра на крајот да ја освоиме лигата и да го израдуваме тренерот Љупчо Марковски. Одлично започна сезоната која е дебитанска за нас во првенството и се надевам дека и понатаму ќе победуваме.

Звонко Ивановски