Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Крај на шпанската приказна, Сосиедад ни даде вкупно девет голови на два меча
Крај на шпанската приказна, Сосиедад ни даде вкупно девет голови на два меча

Крај на шпанската приказна, Сосиедад ни даде вкупно девет голови на два меча

Вардар доживеа нов пораз во Лигата на Европа, вечерва Реал Сосиедад не победи уште еднаш, овој пат не со шест гола како во Скопје туку со три во мрежата на Гачевски. Вардарци створија само една посериозна шанса за гол во текот на целите 90. минути.

Вардар по првиот дел во Шпанија имаше само негатива од еден гол разлика, Гачевски беше расположен за игра, нашиот голман спаси неколку чисти зицери на противникот, па така на пауза заминавме само со еден гол негатива. Вардарци по првиот дел имаа само еден удар кон противничкиот гол и тоа во последната минута од првиот дел. Прв на натпреварот се обиде Зурутуза во 14. минута, неговиот удар заврши крај десната статива на Гачевски. Следен кој се закани беше Каналес од слободен удар кој заврши над голот на Гачевски. Во 31. минута за жал домаќинот дојде до предност од 1:0 откако Хуанми погоди во голот. Изведен беше корнер, а Хуанми од пеналтикот со глава беше прецизен во долниот лев агол, топката од стативата заврши во мрежата на Гачевски. До крајот на првиот дел кај Сосиедад големи шанса пропуштија Хуанми и Хозе за поголема предност. Во 45.минута конечно се обиде и Вардар преку Марковиќ кој од далечина биеше само во рацете на Рули.

fkv-vardarfans-liga-evropa-vardarВо вториот дел во првите 20. минути Вардар одигра малку подобро и по отворено, иако не створи шанса за гол, сепак играше повеќе со топката отколку во првиот дел. Во обид да освежи нешто, Јаневски во 64. минута во игра ги внесе Велковски и Муслиу кој ги заменија Глишиќ и Марковиќ. Сосиедад по првата посериозна шанса дојде до гол во вториот дел, во 69. минута Горосабел од десната страна нафрли до Де ла Бела кој што со волеј беше прецизен во мрежата на Гачевски. Во 72. минута Вардар за прв пат направи добра акција, Барсегјан убаво измами еден играч, додаде до Итало, но обидот беше изблокиран и избиен во корнер. Во 75. минута во игра влезе и Блажевски на местото на Барсегјан. До убедливи 3:0 домаќинот дојде во 81. минута, Баутиста беше стрелец на овој гол. Со резултат 3:0 заврши дуелот.