Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи домаќини на Ренова, одложено колото за кадетите и младинците поради репрезентативни обврски
Пионерските екипи домаќини на Ренова, одложено колото за кадетите и младинците поради репрезентативни обврски

Пионерските екипи домаќини на Ренова, одложено колото за кадетите и младинците поради репрезентативни обврски

Во сабота своето десетто пренствено коло ќе го одиграат пионерските екипи на фудбалскиот клуб Вардар против екипата на Ренова, додека натпреварите на кадетите и младинците се одложени на 29-ти ноември поради репрезентативни  настапи. Пионерските екипи се домаќини на теренот на Aкадемијата, а дуелите со Ренова започнуваат од 10 и 12 часот.

Со натпреварите против Ренова започнува вториот круг на натпреварување. Со истиов противник ја стартувавме новата сезона кога забележавме една победа и нерешен резултат. Помладите пионери одлично го одиграа првиот круг, каде на девет натпревар имаат осум победи и само еден нерешен резултат, без ниту еден пораз. Нерешениот резултат беше уште во второто коло на гостински терен против екипата на Работнички (0:0). Од тој натпревар оваа генерација родени “2002“ година се наоѓаат во серија од седум последователни победи. На првиот меч одигран во Тетово, славевме убедливо во дуелот со екипата на Ренова (1:4). Тогаш хет-трик постигна Антонио Мирков, додека еден гол беше дело на Дамјан Трајановски. Избраниците на Сашо Тодоровски со една “нога“ се веќе во полуфиналето на купот, откако вчера во рамките на првиот четврфинален меч ја совладаа екипата на Еуроспорт (4:0). Претходно во осминафиналето по изведување на удари од белата точка ги елиминиравме А.Пандев.

Пионерите по првите девет одиграни кола имаат негативен биланс, од само две победи, четири нерешени резултати и три порази. Радува фактот што во вторникот, во рамките на првиот четвртинален меч од купот на гостински терен ја совладавме екипата на Македонија Ѓ.П (0:2) и ги зголемивме шансите за пласман во најдобрите четири екипи во ова натпреварување. На првиот натпревар одигран на гостинки терен, Ренова и Вардар одиграа со нерешен резултат 1:1. Стрелец на единствениот гол тогаш беше Леонид Игнатов. Интересно е тоа што оваа генерација на ФК Вардар сеуште нема триумф на домашен терен, па се надеваме дека во сабота ќе се радуваме на триумфот.