Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (ФОТО) Вардаровиот тренер, Игор Кралевски беше почесен гостин и доделуваше награди на турнирот “Спортуваме, среќни сме“, во организација на Гази Баба
(ФОТО) Вардаровиот тренер, Игор Кралевски беше почесен гостин и доделуваше награди на турнирот “Спортуваме, среќни сме“, во организација на Гази Баба

(ФОТО) Вардаровиот тренер, Игор Кралевски беше почесен гостин и доделуваше награди на турнирот “Спортуваме, среќни сме“, во организација на Гази Баба

Од 23-25-ти декември во населбата Маџари и спортската сала  Методија Андонов Ченто се одигра предновогодишен младински фудбалски турнир “Спортуваме среќни сме, на кој се натпреваруваа генерации родени “2006“ и “2007“ година, односно меѓу фудбалските екипи кои се членови на ОФС Гази Баба. Околу 290 деца, односно 24 екипи три дена другаруваа и се натпреваруваа.

vardarfans-turnir

Вардаровите екипи освоија едно второ и трето место. По одигрување на финалните натпревари беа доделувани признанија за најдобри поединци, како и пехарите за најдобрите три пласирани екипи. Наградите ги доделуваа градоначалникот на опшина Гази Баба, Тони Трајковски а како посен гостин беше тренерот на Вардаровата генерација родени 2005 година, Игор Кралевски. Тој ја имаше можноста да ги доделува наградите за најдобрите поединци на завршниот турнир во организација на општина Гази Баба.

vardarfans-kralevski-sekovski

Тој исто така ги доделуваше наградите за најдобрите играчи во двете возрасни генерации. Да потсетиме дека четири играчи на ФК Вардар добија поединечни награди. Во генерација родени “2006“ за најдобар голман беше прогласен Андреј Данстак, додека признанието најперспективен играч му припадна на Дарко Сековски. Награди имавме и во генерација “2007“. Повторно го имаме најдобриот голман во името на Лука Јаневски, додека најдобар стрелец е Александар Грашески од редовите на Вардар.

Настанот медиумски беше подржан од Спортско радио 90.3mhz и ТВ Сител.

vardarfans-nagradivardarfans-zaednickavardarfans-luka-kralevski