Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вуко Борозан “полн“ погодок на РК Вардар
Вуко Борозан “полн“ погодок на РК Вардар

Вуко Борозан “полн“ погодок на РК Вардар

Црнагорскиот репрезентативец, Вуко Борозан игра одлична полусезона во дресот на Вардар. Тој пристигна летово од бундеслигашот, екипата на Либек и веднаш ги задоволи вкусовите на Вардаровите навивачи. Засега во лигата на шампионите има постигнато 28 голови и е четврти стрелец во екипата на Вардар. На сите мечеви се запишуваше во листата на стрелци, со исклучок на победата во Германија, против тимот на Рајн-Некар. Вуко посебно не импресионираше на натпреварот против Брест Мешков, кој се одигра во Јане Сандански и им припадна на црвено-црните, меч на кој Борозан постигна 7 голови. Шпанскиот стратег, Раул Гонзалес е на слатки маки околу изборот стартер на позицијата лев бек, каде ги има уште Жоан Кањелас и Александер Деревен.

vardarfans-borozan

Борозан е еден од подобрите стрелци на Вардар и во настапите од сеха-лигата, каде неговиот тим се наоѓа на првото место и обезбеди учество на завршниот турнир. Се работи за 22 годишен репрезентативец на Црна Гора пред кој треба да претстои блескава иднина. Тој летово потпиша едногодишен договор со Вардар, со можност за продолжување на истиот. Со оглед на блескавите игри во црвено-црниот дрес, Вуко во иднина би добивал понуда од најдобрите светски клубови, а Вардар сигурно дека ќе направи се за да го задржи во своите редови. Борозан со уште едно признание во 2016, избран за најдобар ракометар на Црна Гора кој настапува во странство.