Monday ,25 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Со нетрпение се очекува стартот на главната рунда од ЛШ за екипата на ЖРК Вардар
Со нетрпение се очекува стартот на главната рунда од ЛШ за екипата на ЖРК Вардар

Со нетрпение се очекува стартот на главната рунда од ЛШ за екипата на ЖРК Вардар

Со нетрпение го очекуваме стартот на главната рунда од лигата на шампиони за екипата на ЖРК Вардар. По завршување на првата групна фаза, нашиот женски ракометен шампион забележа пет победи и само еден нерешен резултат. За одбележување е и промената на местото на шеф на стручниот штаб, каде сега оваа функција ја има Давид Дејвис кој по три сезона ја замени Индира Кастратовиќ. Токму оној прв воведен меч во новата сезона од лигата на шампиони и нерешениот резултат против ФТЦ Будимпешта, беше знак да дојде до промена на тренерското место.

Сопственикот на клубот, господинот Сергеј Самсоненко реши оваа фунција да му ја довери на помошниот тренер во РК Вардар и човекот кој на завршниот турнир минатата сезона го освои третото место, токму со екипата на ЖРК Вардар. Вториот натпревар од групната фаза беше оној на домашен терен против тимот на Лајпциг, кој го поразивме убедливо (41:24), по што Вардарки најавија дека ќе гледаме сосема поинаква екипа од оној прв воведен меч. Првото официјално водење од клупата, шпанскиот стратег го имаше на гостувањето во Русија, каде црвено-црните стигнаа и до втората победа, а прва против шампионот на Русија, тимот на Астраханочка ( 26:31). Слдеше возвратен меч со истиов противник, но овој пат пред домашната публика во Јане Сандански, натпревар на кој нашиот шампион немаше поголеми проблеми да стигне до уште една голема победа (39:25). Сите линии во нашата игра функционираа безпрекорно, Вардар беше во силен налет, кој во следното коло го почуствува и “должникот“ од првото коло. Радуваше веста и за враќање на терените на Андреа Лекиќ, која на три натпревари постигна 16 голови. Првиот посилен тест и предизвик, Давид Дејвис лесно го реши и на теренот на противникот високо ја порази ФТЦ Будимпешта (24:37). Ова можеби беше најдобриот одигран натпревар за црвеноцрните во првата групна фаза, која успешно ја заокружија на гостувањето против Лајпциг, за уште една победа против оваа екипа (22:45).

На тој начин Вардарки со 11 освоени бодови убедливо го освоија првото место на табелата. Од оваа група во главната рунда продолжија уште екипите на ФТЦ Будимпешта и Астраханочка. Избраничките на Дејвис пренесуваа најмногу, вкупно 7 бодови и од врвот ќе ја стартуваат новоформираната група 1. Тука се наоѓаат уште и екипите на Будуќност, како и Мец од Франција и Турингер од Германија. Прв стрелец на Вардар  е Јованка Радичевиќ со 33 голови, додека еден поалку или 32 постигна Андреа Пенезиќ.  По завршување на првата групна фаза, следуваше европското првенство кое се играше во Франција. Дел од него беа осум ракометарки на Вардар, меѓу кои Херем со Норвешка успеаа да стигне до златото, Лакрабер и Лејно го освоија бронзениот медал. Првата фаза не ја поминаа Лазовиќ и Мавсар со Словенија, Кликовац со Црна Гора, како и Пенезиќ и Човиќ со селекцијата на Хрватска.

Сепак првите предизвици во новата година, нашиот шампион ќе ги има во рамките на новообновената регионална лига. Домаќин на првиот турнир во новата сезона ќе биде Подгорица на 15 и 16 јануари. Додека првиот меч во главната рунда од ЛШ е на 29-ти јануари против екипата на Будуќност. Не очекуваат интересни натпревари од крајот на јанури, црвено-црните ја играат својата четврта сезона во лигата на шампиони, која се надеваме дека ќе се покаже како среќна во желбата да се освои шампионската титула.