Игор Кралевски е поранешен репрезентивец на Македонија, кој има настапувано во младинските категории на Вардар и тоа од 8-18 години, клубот каде во моментов работи како тренер на генерацијата родени “2006“ година. Ги има поминато и сите младински категории на Македонската фудбалска репрезентација. Додека игра во младинските генерации на најголемиот клуб во Македонија ја има честа да работи со Кочо Димитровски, Мето Спасовски и Перица Груевски. Најголем подем во својата кариера, Кралевски достигнува со преминот во Хајдук, каде ја има честа да работи со големи прославени тренери како Чиро Блажевиќ, Ивица Гудељ и Зоран Вулиќ. Тука настапува во иста екипа со еден Нико Крањчар и Стипе Плетикоса, кои се познати имиња во Хрватскиот фудбал. Додека настапува за Хајдук има исто така можност на спротивната страна да се надигрува со Лука Модриќ кој сега настапува во Европскиот шампион, екипата на Реал Мадрид, потоа Едуардо Де Силва и Ведран Чорлука, сите репрезентативци на Хрватска, а тогаш дел од големиот ривал Загреб.
Во Хрватска е врвот на неговата кариера, каде со успех настапува три години. После Хајдук својата интернационална кариера ја продолжува во Русија во екипата на Луч Енергија Владивосток во премиер лигата. Тука работи со заменикот тренер во репрезентацијата на Русија, помошникот Сергеј Александровиќ Павлов. Русија и Хрватска се најголемото фудбалско искуство во кариерата на Игор Кралевски, кој играше на позицијата централен дефанзивец.
-Денес работејќи како тренер во младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар го пренесувам своето знаење и пред се големо искуство стекнато во земјите каде имам настапувано како играч, а тоа се Хрватска и Русија. Дојдов во Вардар да работам како тренер на почетокот на оваа сезона, најпрво работејќи со генерација родени “2007“ година. Подоцна добив шанса да ја превземам една година повозрасната генерација, родени “2006“ година со која успеав да освојам четири домашни турнири. Среќен сум што имам можност да работам со вакви добри деца. Следниот предизвик за мене како тренер е силниот меѓународен турнир во Краљево, кој ќе одигра во периодот од 24-26 јуни, изјави Игор Кралевски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски