Човекот со големо срце, вардаровиот голман, единствениот Петар Ангелов-Диви донираше комплет дресови на Сојузот за спорт и рекреацијата на инвалиди во неговото Кавадарци. Тој подарил 10 комплети кои ќе бидат официјални дресови на кавадаречкото здружение на своите натпревари. Диви покрај тоа што е македонска ракометна икона е човек со големо срце, тоа го следеше цела кариера, тој одсекогаш бил и ќе остане миленик на публиката без разлика дали на клубската или репрезенативната. Вардаровиот голман и следната сезона ќе биде дел од црвено-црниот состав, а пак на репрезентативната кариера пред неколку месеца официјално и стави крај.
Ангелов за оваа своја донација вели-Секогаш ми е драго кога можам да помогнам некому. Имам голем број на пријатели кои и покрај инвалидитетот се одлични спортисти, и се надевам дека овие дресови ќе бидат дополнителна мотивација за нив да постигнат поголеми резултати. Исто така би сакал да му се заблагодарам и на македонскиот моден бренд „Тивес“ кој ја препозна оваа идеа и ни помогна во нејзината реализација.
фото:vinotika.mk