ФК Вардар родени “2002“ година се првата наша генерација која успеа да обезбеди пласман во големото финале од националниот куп. Црвено-црните вчера на теренот на академијата го одиграа реванш натпреварот од полуфиналето на купот, каде повторно ја совладаа екипата на Талент од Битола, со конечен резултат од 3:2. Иако противникот имаше водство од првиот дел со 0:2, нашите момци собраа сила во второто полувреме и направија комплетен резултатски пресврт. На тој начин со вкупен резултат од 6:2 ја елиминиравме екипата од Битола. Во вчерашниот триумф два гола беа дело на Леонид Игнатов, додека еден постигна Виктор Крстевски.
-На реванш натпреварот од полуфиналето со екипата на Талент од Битола влеговме можеби поотпуштено. После победата во Битола со 3-0 верувавме дека ја завршивме работата таму и дека сме веќе финалисти. Но екипата на Талент не изненади и после првото полувреме водеше со 2-0. Во вториот дел влеговме решителни и одлучни дека мора да го добиеме натпреварот. Одигравме поцврсто во одбраната, каде на противникот не му дозволивме да направи шанси за гол а во нападот игравме ефикасно и реализиравме три од повеќето шанси.
После изгубените шанси за трофеј во лигата, сите сили оваа генерација ќе ги насочи кон финалето на купот, каде го чека подобриот од дуелот помеѓу Работнички и Академија Пандев.
-Што се однесува до сезоната мислам дека одигравме добро со исклучок на неколку натпревари каде што немавме среќа, иако игравме добро. За финалето во купот без разлика со кој противник ке играме ќе дадеме се од себе за трофејот да биде во наши раце.
Звонко Ивановски