Единствената наша генерација која остана непоразена во есенскиот дел од сезоната и која го освои првото место во својата категорија, продолжува да се подготвува за предизвиците кои им претстојат на пролет. Помладите пионери предводени од Сашо Јанев имаат една и единствена желба да ја задржат бодовната предност пред своите конкуренти и на крај да ја освојат титулата.
- Задоволен сум од мене и мојот тим за вложениот труд и игрите кои ги пруживме во есенскиот дел од сезоната. Тоа се исплатеше и резултатите се такви какви што се во моментов. Прво место на табелата, со четири бода повеќе од нашите најголеми конкуренти за титулата. Но сега ќе ја сфатиме уште посериозно оваа полусезона, бидејќи ќе биде уште потешко. Нашите намери се јасни и ние сакаме да ја освоиме лигата, нашиот тренер напорно не подготвува за вториот дел од сезоната.
Единствениот тим кој успеаа да ни “откине“ бодови и тоа уште во првото коло, ќе биде противник за Вардарци во првото пролетно коло. Црвено-црните имаа четири бода предност пред второпласираните екипи на Работнички и Шкендија.
-Во првото пролетно коло играме со екипата на Работнички, каде што ќе биде натпревар во кој што ќе може да се одлучи конечниот победник на лигата. Сепак тие не се единствените ривали кои можат да ни се спротистават. Јас ќе давам се од себе за мојот тим и заедно ќе се обидеме да бидеме поуспешни од првата полусезона, изјави Мишо Крстевски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски