Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Штербик-Македа-Душебаев, против Карачиќ-Циндриќ
Штербик-Македа-Душебаев, против Карачиќ-Циндриќ

Штербик-Македа-Душебаев, против Карачиќ-Циндриќ

Денеска ќе бидат одиграни полуфиналните натпревари на Европското ракометно првенство во Полска. Првиот дуел ќе биде одигран со почеток од 18:30 часот помеѓу репрезентациите на Германија и Норвешка, додека Шпанија и Хрватска во меѓусебна борба ќе го одлучат вториот патник во големото финале. Овој натпревар започнува од 21 часот. За нас интересен е второспоменатиот дуел, од аспект што ќе настапат пет играчи од нашиот ракометен шампион. На едната страна Штербик, Македа и Душебаев и на другата Карачиќ и Циндриќ, само едни од нив ќе можат да играат во финалниот меч на овој мундијал.

Штербик бранеше на секој втор натпревар во претходните настапи, бидејќи тактиката на Маноло Каденас беше двајцата голмани, заедно со Гонзало Перез Де Варгас да бидат во натпреварувачки ритам. Македа на секој натпревар беше стартер на десната бековска позиција и во одбраната, додека Душебаев беше неговата замена. На спротивната страна Циндриќ не се изнаигра многу, додека Карачиќ најчесто влегуваше како резервна варијанта и имаше голема минутажа на мечевите на кои играше неговата репрезентација. Кој и да биде победник од овој дуел, сигурно е дека ќе има претставници на Вардар во големото финале.