Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јана Василева: “Јуниор лигата“ претставува можност да се покажат талентите на децата и најдобрите да бидат дел од Вардар
Јана Василева: “Јуниор лигата“ претставува можност да се покажат талентите на децата и најдобрите да бидат дел од Вардар

Јана Василева: “Јуниор лигата“ претставува можност да се покажат талентите на децата и најдобрите да бидат дел од Вардар

Вардар Јуниор“ лигата продолжува во силно темпо да се игра секој викенд во спортските ракометни сали Кале и Јане Сандански. Сите деца кои имаат желба да се занимаваат со ракомет, ја имат единствената можност преку “Јуниор лигата“ да се натпреваруваат и докажуваат. Учествуваат повеќе од 20 ракометни школи низ цела Македонија, кои се дел од ракометната академија на Вардар.

-Впечатоците ми се прекрасни бидејки се чуствувавме одлично додека играме на терен.Цело време имавме поддршка од нашите тренери , и гледавме нивните искуства да ги примениме како што они ни кажуваа. Организацијата беше одлична и ние бевме задоволни што ни беше овозможено да играме во салата Јане Сандански каде што се натпреваруваат најголемите имиња во ракометот. Во лигата учествуваат повеќе екипи од другите градови во Македонија и така можевме да се надигруваме со нашите врсници од други места.

Јана Василева настапува за ракометниот клуб Ново Лисиче-Вардар, генерација родени 2002/03 година.

-Јас сум дел од ракометниот клуб Ново Лисиче-Вардар. Мои тренери се Анжела Платон , Лина Треноска и Марија Аврамовска. Ова се нашите почетоци. Резултатот што го постигнавме не беше баш најдобар , но добивме едно огромно искуство и се надеваме на подобри резултати во иднина.

Целта на оваа лига е јасна, со докажување на своите квалитети еден ден да се биде дел од младинските категории на ракометниот клуб Вардар.

-Мене лично ми се допаѓа. Идеата да се натпреваруваме меѓу себе е прекрасна. Јуниор лигата за мене претставува можност да се покажат талентите на децата и најдобрите да излезат на површина, како би можеле да одат понатаму и да се натпреваруваат во младинските екипи на Вардар. Во секој случај лигата ми е предизвик а воедно и цел за да можам да продолжам понатака. Се надевам дека јас и мојата екипа со тек на времето ке се избориме за подобри резултати, изјави Јана Василева за Вардар фанс.

Звонко Ивановски