Македонската ракометна А-селекција го освои 11.место на Европското првенство во Полска и со тоа се избори да има фаворитски статус во ждрепката за бараж-двомечот за Светското првенство во Франција кое ќе се игра во 2017 година.
Македонија во баражот за Светското првенство Франција-2017 може да се сретне со 3-те последнопласирани селекции од ова Европско или со 6-те победници од прет-квалификациските групи. Ждрепката за бараж-двомечот за С.П во Франција ќе се извлече во недела со почеток во 13-00 часот. Можни противници на избраниците на Ивица Обрван се следниве репрезентации : Србија, БиХ, Словенија, Црна Гора, Португалија, Австрија, Чешка, Летонија, Холандија.