Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Следната контролка за вардарци е на 5-ти против Слован Либерец
Следната контролка за вардарци е на 5-ти против Слован Либерец

Следната контролка за вардарци е на 5-ти против Слован Либерец

По двете одиграни пријателски средби против Волфсбергер (победа 3:2) и Вил (нерешено 0:0), црвено – црните ќе имаат едно неделна пауза од натпревари. Вардарци следниот тест треба да го одиграат дури на 5-ти февруари против Слован Либерец. Вардарци се до 5-ти февруари ќе ја билдаат својата форма, пред се и физичката подготвеност.

Слован Либерец доаѓа од шампионатот на Чешка, тимот на Слован Либерец се натпреварува во чешката прва лига, и по првата етапа, се наоѓа на одличното за нив, четврто место на табелата. Слован Либерец е една квалитетна екипа, составена од многу интернационалци, па се очекува ова да биде посериозен испит за Вардарци по оние двата против австрискиот и швајцарскиот преставник.