Вчера на стадионот „Цементарница“ , ФК КУЛ беше домаќин на момците од ФК Вардар генерација родени 2008. Избраниците на Миле Крстев и домашниот тим одиграа еден одличен дуел прикажувајќи добра игра.
На овој пријателски, контролен-натпревар прикажавме одлична игра со многу трчање и активен фудбал, дузина шанси и возбудливи акции. На одмор се замина со без затресена мрежа на двете страни и ако имаше прилика за нашите момци да отворат во овој период. Резултатот беше во втор план, домаќинот минимално не совлада со гол во последната четвртина од дуелот. Крстев во овој втор период даде шанса на целиот ростер кој го имаше на располагање.