Сите натпревари од 13.коло во плеј-офот на ракометната Супер лига се одложени. Причина е трагедијата за смртта на голманот на Охрид, Никола Даниловски кој беше пронајден удавен во водите на Охридското езеро.
Даниловски бил изчезнат синоќа, откако не присуствувал на тренингот на Охрид и бил недостапен на телефон, а доцна во ноќта полицијата трагала по него. За жал, утрово е потврдено дека пронајденото тело во езерото е на младото момче.
Ракометната федерација на Македонија изрази сочуство до семејството на Даниловски, со информација дека сите натпревари од 13 коло се одложени. Истите ќе бидат одиграни во понеделник со почеток од 19:00 часот. Вардар требаше вечерва да гостува кај екипата на Пролет 62.