Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ШАМПИОНИ! ФК ВАРДАР ГЕНЕР.2004 НА КРАЛЕВСКИ ВО ФИНАЛЕТО ОД КУПОТ ПО ПЕНАЛИ ЈА СОВЛАДА ШКЕНДИЈА
ШАМПИОНИ! ФК ВАРДАР ГЕНЕР.2004 НА КРАЛЕВСКИ ВО ФИНАЛЕТО ОД КУПОТ ПО ПЕНАЛИ ЈА СОВЛАДА ШКЕНДИЈА

ШАМПИОНИ! ФК ВАРДАР ГЕНЕР.2004 НА КРАЛЕВСКИ ВО ФИНАЛЕТО ОД КУПОТ ПО ПЕНАЛИ ЈА СОВЛАДА ШКЕНДИЈА

Куп титула за Вардар денес ни донесоа младите момци од генерација 2004. На стадионот “Б.Извори“ во Охрид се одигра големото финале во Купот на Република Македонија за фудбалери во генерација 2004 година. Во истото момците на Кралевски, ФК Вардар генер.2004 се сретнаа со тимот од Тетово екипата на ФК Шкендија. Овој меч во регуларниот дел заврши 2-2 (1-0) па по “пенал рулетот“ вардарци дојдоа до големиот пехар и златните медали. Со ова оваа генерација дојде до двојна круна, таа е единствена вардарова генерација со ваков успех.

Во ова финале тренерот Кралевски дуелот го почна со следните момци: Ангелов, Љушев, Анчевски, Павлевски, Милошевски, Јаневски, Каровски, Стојановски (к), Гуџуфи, Стоимов и Серафимов. Играа уште на мечот: Ибраим, Хајдари, Стојановски за овој дуел на клупата уште беа и: Гигов, Курти, Дошев, Сурлов. 

Вардарци тргнаа офанзивно по првиот судиски свиреж со цел со гол да го отворат ова финале. Успеавме рано по само пет минути да поведеме со 1-0, стрелец на голот беше Каровски Сандро. Ние имавме повеќе од играта во првата половина од ова полувреме, поседот целосно беше на наша страна. Во 26.минута Георг Стојановски изби сам пред голот на  Шкендија сепак неговиот удар за малку мина крај десниот директ. Во 37.минута прилика имавме и преку Павлевски Никола сепак повторно не го удвоивме водството. Во продолжение напаѓавме и трагавме по нов гол. Во последните две минути имавме две големи прилики во 38.минута Гуџуфи Бесар од 20.метра упати силен удар кој мина над гредата, а во 40+1 Серафимов Давид шутираше одлично сепак голманот на Шкендија успеа да одбрани со крајни напори од самата гол линија. Со минимална предност 1-0 заминавме на одмор.

pe2

Вториот дел почна со игра на средина на теренот во почетните неколку минути. Прва прилика во 46.минута имаше ФК Шкендија која се обиде од слободен удар од 20.метра топката мина над голот на Наум Ангелов. Две минути потоа во шанса беше нашиот Павлевски Никола, сепак голманот на Шкендија реагираше во последен момент. Нашата иницијатива беше конечно наградена во 51.минута, незгоден и силен удар упати Гуџуфи Бесар топката ја одби голманот на Шкендија, но во мешаницата помеѓу него и неговите одбранбени играчи таа успеаа да заврши во мрежата. Ние успеавме да го удвоиме водството и да поведеме со 2-0. По едно невнимание во нашата одбрана во 57.минута Селману успеа да погоди од дистанца и да намали на 2-1. Огромна шанса за враќање на позитивата од два гола пропушти Гуџуфи Бесар, тој во 59.минута од 3-4 метра го погоди голманот на Шкендија по што топката заврши во корна.  Прилики се редеа пред голот на тетовчани, во 65. минута одличен центар шут упати Гуџуфи во срцето на казнениот простор, сепак за малку “краток“ беше ново влезениот Ибраим Левент и неуспеаа да упати удар од десетина метра. Тетовчани успеаа да израмнат преку Амити во 68.минута, тие погодија за 2-2. Во 73.минута Гуџуфи беше сам пред противничкиот гол, се обиде со лоб за жал неговиот удар мина крај левата статива. Три минути во слична прилика само од десно беше Георг Стојановски и неговиот лоб заврши над голот на тетовските црно-црвено. Шкендија по израмнувачкиот гол постојано со лежење и одоговлеување го трошеше времето со цел дуелот да се решава на пенали. Ние до крајот се обидовме да нападнеме, сепак немаше погодок па дуелот мораше да се решава на пенали.

pe3

По пеналите со перфектно изведување на сите момци победуваме со 5-3 и доаѓаме до Куп трофејот, ова генерација е единствена која што дојде до Куп пехар. Честитки до сите играчи и тренерот Игор Кралевски за овој голем успех. Тие успеаа со ова да дојдат до двојна круна, бидејќи титулата во првенството одамна е обезбедена.

Пенали:

Прва серија: Пенал прв за нас шутираше Стојановски Георг и успеаа да погоди, Шкендија преку Имери изедначи на 1-1. 
Втора серија: Гуџуфи погодува горе десно во аголот за 2-1, Османи од Шкендија промашува по што водиме со 2-1.

Трета серија: За нас Павлевски Никола мирно по земја за 3-1, Кава врати со погодок за 3-2.

Четврта серија: Во оваа серија по земја стрела за 4-2 Јаневски Игор, противникот намалува веднаш на 4-3.

Петта серија: Каровски Сандро стрелецот на првиот гол ја зима топката, шутира силно погодува за 5-3 и ШАМПИОН ВО КУПОТ Е ВАРДАР…