Денес на стадионот “Б.Извори“ во Охрид се одигра големото финале во Купот на Република Македонија за фудбалери во генерација 2004 година. Момците на Кралевски, ФК Вардар генер.2004 се сретнаа со тимот од Тетово екипата на ФК Шкендија и успеаа да ја совладаат по што дојдоа до ЗЛАТО. Извештај од дуелот може да погледнете -овде. По регуларниот дел дуелот заврши реми, 2-2 (1-0), па по “пенал рулетот“ вардарци дојдоа до големиот пехар и златните медали. Истите по крајот на мечот ги примија, во продолжение моментот на доделување на медалите на црвено-црните шампиони.