Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Уште една “шампионска лекција“ за битолчани, Вардар го победи Пелистер во купот
Уште една “шампионска лекција“ за битолчани, Вардар го победи Пелистер во купот

Уште една “шампионска лекција“ за битолчани, Вардар го победи Пелистер во купот

ФК Вардар е 1/4 финалист во Купот на Македонија. Денеска во Прилеп вторпат го совлада тимот на битолски Пелистер. Избраниците на Седлоски беа подобри од домаќините со 0-2 .

Мечот Пелистер -Вардар се играше на стадионот “Гоце Делчев“ во Прилеп. Тренерот на црвено- црните се одлучи за комбиниран состав на ова реванш гостување кај тимот на Пелистер во 1/8финалето од купот. Седлоски почна со следниов состав: 90. Гачевски, 4. Мијушковиќ, 7. Љамчевски, 8. Спировски, 10. Дашјан, 11. Асани, 16. Глигоров, 17. Стојков, 21. Новак, 77. Брдаровски, 97. П. Петковски. Мечот почна во доминантна игра на  вардарци кои имаа поголем посед на топката во првата третина од полувремето и се обидоа со неколку удари од далечина да го загрозат домашниот голман , но топката не ја погоди рамката на голот. Во 16 -сетата минута по одлична асистенција од Љамачевски одлично нафрла Спировски во казнетиот простор, но ниеден од нашите напаѓачи не успева да ј закачи топката која минува над нив и завршува во гол-аут. Нашите обиди за погодок одат претежно по левата страна веќе во 18 минута успешно се ослободува од својот чувар Љамчевски кој испраќа нов центаршут кон петерецот на домашните, но одбраната на зелено-белите во последен момент ја исфрла топката од опасната зона кон центарот на теренот. Во 21 минута мечот е во прекин од како од трибината каде се сместени домашните навивачи едне “факел“ завршува во непосредна близина на вардаровитот 16-терец,  судијата Спирковски по пауза од  3-4 минути го продолжи мечот. Скршен отпорот на домаќинот во 28минута по корнерот од левата страна одличниот центаршут со глава го зафаќа домашниот играч Јованчо Трајковски кој постигнува ефектен автогол  и тоа е 0-1 за Вардар.  Црвено-црните и по погодокот се повторно во атак на голот на домашните топката е во поголем дел пред домашниот казнен простор. Во 34 минута домаќините се обидуваат од корнер да го загрозот нашиот гол, но вардаровата одбрана е на ниво на задачата ја остранува опасноста. Голема шанса во 37 минута за Вардар Дашјан нафрла топката е кратко одбиена до Спировски кој шутира волеј домашниот голман интервенира топката доаѓа до П.Петковски чии удар повторно не беше доволен да го совлада домашниот голман кој во 10сетина секунди врзува две прекрасни интервенции. Вардарци успеваат вторпат да погодат, во 40сета минута судијата Спирковски досудува пенал за црвено-црните, успешен од 11 метра Ацо Стојков кој со прекрасен удар во долниот десен агол зголемува на 0-2 за Вардар. Голманот Гачевски со одлична интервенција во 42минута по волејот на домашниот напаѓач не спасува од намалување на водството. Домаќините во финишот на првиот дел имаат блага теренеска инцијатива во обид да постигнат почесен погодок, но нашиот голман Гачевски обидите  од слободен удар, нафрлањето од корнер и игра лесно ги остранува. Последна шанса во првиот дел имаат нашите момци , Дашјан  во  судиското продолжение преку  слободен удар од 25 метра одесно се обиде да го загрози домашниот голман, но топката заврши надвор од рамката на голот.

Второто полувреме како и првото почна во теренска доминација на Вардар кој повторно ја има топката во свој посед. Првите 15сетина минути во вториот дел минаа мирно без поголеми возбудувања во доминација на Вардар кој мудро го чува водството на противничката половина. Во 67 минута се обиде со удар од 25метра Спировски да го погоди домашниот гол , но и овој удар заврши надвор од рамките на истиот. Во 74 минута Глигоров го проигрува Брдаровски кој влегува во од десно во казнениот простор одлично се ослободува и опасно нафрла , но домашната одбрана со лизгачи старт ја исфрла топката од само 3-4 метра пред гол линијата во поле. Вардар напаѓа за трет погодок во 78 минута одлично подавање овој пат од Брдаровски до Глигоров ја прифаќа топката, но за жал се огласува судијата сигнализирајќи офсајд. Во 82 минута повторно Спировски од иста дистанца од над 25 метра шутира и повторно топката оди неколку метра над гредата. Во 87 минута Љамчевски шутира од 20сетина метра ама голманот на домаќините повторно на висина на задачата, истиот играч и две минути подоцна од слободен удар шутира само до рацете на домашниот чувар на мрежата.  Денес по подолго време свој настап имаше и Дарко Глишиќ кој влезе во вториот дел од клупата.