Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ВИДЕО СТРИМ! Пелистер- Вардар 14-30ч, Познати стартните 11-сетмина
ВИДЕО СТРИМ! Пелистер- Вардар 14-30ч, Познати стартните 11-сетмина

ВИДЕО СТРИМ! Пелистер- Вардар 14-30ч, Познати стартните 11-сетмина

Реванш дуелот помеѓу битолски Пелистер и нашиот шампион ФК Вардар во рамки на 1/8 финалето од купот на земјава ќе можете да го следите во живо преку видео стрим. Мечот се игра на стадионот “Гоце Делчев“ во Прилеп.

Дуелот на битолските “зелено-бели“ и Вардар е закажан со почеток во 14 часот и 30минути. Од првиот дуел со битолскиот второлигаш црвено – црните носат преднос од три гола, дуелот на Националната Арена Филип втори заврши со резултат 4-1 (3-0). Во денешниот натпревар избраниците на Гоце Седлоски влегуваат како апсолутни фаворити за местото кое води во следната 1/4 финална рунда од фудбалскиот куп на земјава. Познати се и стартните 11-сетмина на црвено-црните :90. Гачевски, 4. Мијушковиќ, 7. Љамчевски, 8. Спировски, 10. Дашјан, 11. Асани, 16. Глигоров, 17. Стојков, 21. Новак, 77. Брдаровски, 97. П. Петковски. Од клупата ќе чекаат шанса следниве седум играчи : 12. Трајчевски, 9. Блажевски, 14. Велковски, 22. Ивановски, 24. Темелков, 21. Ф. Петковски, 32. Глишиќ

Преносот од мечот во најмасовното фудбалско натпреварување ќе може да го следите на слениот линк подолу.