Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тоскиќ, непроценливо богатство за Вардар, кое нема да го гледаме од следната сезона
Тоскиќ, непроценливо богатство за Вардар, кое нема да го гледаме од следната сезона

Тоскиќ, непроценливо богатство за Вардар, кое нема да го гледаме од следната сезона

Дефинитивно од следната сезона нема да го гледаме Алем Тоскиќ во црвено-црниот дрес. Оваа вест одекна негативно помеѓу Вардаровите навивачи, откако Горење го објави неговото доаѓање во овој клуб. Српскиот пикер е незаменлив дел од играта на Гонзалес, па не се сомневаме дека тешко му паднала одлуката на Тоскиќ да замине од клубот. Може да се каже дека е можеби најкомплетниот играч на Вардар, кој подеднакво добро игра во двата правци напад-одбрана.

На последниот натпревар против Колдинг доби незгоден удар од лакт на противнички играч. Не беше баш пријатна таа глетка, кога пукна аркадата на Тоскиќ и го полеа со крв. Сепак овој голем јунак, беше повторно меѓу најефикасните играчи на Вардар на последниот меч во лигата на шампионите. Сега кога ќе го нема на извесен период Стоилов, уште поголем товар и притисок ќе падне врз грбот на Тоскиќ. Не се сомневаме дека до крајот на сезоната ќе изгине за црвено-црниот дрес и со учество од еден завршен турнир на ЛШ, ќе се прости од клубот.