Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Дали конечно дојде време, ФК Вардар да го освои купот на РМ !?
Дали конечно дојде време, ФК Вардар да го освои купот на РМ !?

Дали конечно дојде време, ФК Вардар да го освои купот на РМ !?

Кога ќе се спомене купот на Македонија, секогаш кај вистинските вардарови навивачи буди тешки спомени. На еден клуб со голема традиција, како што е ФК Вардар, не му доликува толку години да чека на нова куп титула во Македонија. Сите знаеме на какви начини минатите години ФК Вардар испаѓаше во купот на Македонија, најчесто, тоа се случуваше некаде во 1/2 финалето.

Последен пат ФК Вардар куп титулата ја подигна далечната 2007 година, кога во финалето на Градски беше совладана екипата на Победа со резултат 2:1, тогаш тој натпревар се одигра пред полни трибини. Од тогаш па се до денеска ФК Вардар ”сонува” за нова куп титула. Надежите растат, оваа сезона ФК Вардар е фаворит за освојување на овој пехар, (како и години наназад) утре играме 1/4 финален натпревар против Шкендија, доколку го добиеме овој двомеч со тетовчани нема дилема, мора да се освои пехарот!