Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Започнува продажбата на карти за натпреварот со Колдинг
Започнува продажбата на карти за натпреварот со Колдинг

Започнува продажбата на карти за натпреварот со Колдинг

Од денес стартува продажбата на билети за натпреварот против Колдинг, во рамките на 10 коло од групата Б на лигата на шампиони. Овој дуел ќе се одигра на 5-ти декември во С.Ц. Јане Сандански, со почеток од 17:30 часот. Секој нареден ден во периодот од 10-18 часот можете да набавите билет, пред билетарнацита на спортскиот центар Ј.Сандански и онлајн преку http://www.ticketplus.mk/.

Цените на билетите се следните:
Стоење – 150 МКД
Трибини 1, 2, 9 – 300 МКД
Трибини А1/Б1 – 250 МКД
Централни трибини – 400 МКД
.

Екипата на Колдинг е наш стар должник, Данците после првите четири победи во групата ни го нанесоа првиот пораз. Во сабота нашиот состав го очекува гостински меч против Киелце, каде ќе се обиде да се врати на победите во најголемото ракометно натпреварување.