Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > КУП на Р.М: ФК Вардар утре ќе го дознае противникот во 1/4 финалето
КУП на Р.М: ФК Вардар утре ќе го дознае противникот во 1/4 финалето

КУП на Р.М: ФК Вардар утре ќе го дознае противникот во 1/4 финалето

Фудбалската федерација на земјава за утре ја закажа ждрепката за 1/4 финалните двојки од Купот на Р.М. Истата ќе се одржи  со почеток во 13-00 часот во просториите на ФФМ. Нашиот црвено-црн тим ќе очекува противник од една од следниве екипи: Силекс, Шкендија, Пелистер, Слога, Брегалница,  Победа и Металург.

Фудбалскиот клуб Вардар без поголем проблем одигра досега во Купот на Република Македонија во фудбал. Во првиот меч од 1/16 финалето се сретна со ФК Скендербегу во Тетово и високо го порази со што обезбеди место во 1/8 финалето. Вчера  Вардар по втор пат го совлада тимот на Влазерими од Кичево и се пласираше во 1/4 финалето . Дома победивме  2:0 вчера, а претходно во Кичево 1-3. Најтежок противник кој е нормално Шкендија , и двата црвено-црни тима би сакале да се одбегнат во оваа фаза, најлесен противник од можните е второлигашот ФК Металург кој мина понатака по административен пат откако немаше тим во ждребката со кој би се соочил во 1/8 финалето. Ние десетина години немаме куп финале и пехар за кој сме желни, апак “двојната круна“ ја сонуваме од 1995 година кога последен пат црвено-црните ги обединија во иста сезона пехарот од ПМФЛ и трофејот во најмасовното фудбалско натпреварување.