Во недела конечно ќе се одигра првиот натпревар од втората сезона од ракометната Вардар Јуниор лигата со што и официјано ќе тргнеме во новата сезона во ова најмасовно црвено-црно натпреварување. Првиот натпреварувачки ден ќе се игра покрај во две сали во главниот град Скопје и паралелно во Кавадарци, Прилеп и градот Кичево.
Истата стартува во 9-30 часот во Скопје, во малата сала во Спортскиот центар „Јане Сандански”, половина час подоцна во 10-00 часот ќе се разиграат првите дуели и во Кавадарци, Прилеп и Кичево, како и во спортската сала „Кале” во Скопје Околу 650 момчиња и девојчиња на возраст од 5 до 16 години ќе се натпреваруваат во четири града. Ракометната Вардар Јуниор лигата ја стартува втората сезона натпревари за деца, а во првото коло натпревари ќе настапат екипите од нашите регионални единици од следните десет градови: Скопје, Прилеп, Кичево, Гостивар, Куманово, Кавадарци, Велес, Ресен, Делчево и во Виница. Распоредот за првото есенско коло во сезоната 2016/2017 во ракометната Вардар Јуниор лига може да ги погледнете во продолжение:
* Распоред на натпревари во Скопје може да ги погледнете -_тука
* Распоред на натпревари во Кичево, Прилеп и Кавадарци може да ги најдете – тука .