Во сабота на 22-ри октомри црвено-црниот машки ракометен колектив гостува во Загреб во рамки на дуел од петтото коло од ЕХФ Лигата на Шампионите. Домаќин ни е екипата на хрватскиот шампион ППД Загреб . Домаќините имат четири пораза на стартот во елитната лига за разлика од нас кои со четири триунфи влегуваме како лидери на табелата во овој дуел.
Домаќините во меѓувреме го отпуштија и Веселин Вујовиќ од тренерското место кој беше поранешен тренер и на РК Вардар. За мечот кој ќе се игра со во сабота делегирана е шпанска судиска двојка : Андре Марин и Игнасио Гарсија , апак делегатот доаѓа од соседна Грција станува збор за Сотрис Мигис.