В недела на програмата е ново коло од ПМФЛ. Во него, ќе се судрат двата претенденти за титулата и оваа сезона во првата лига. Овој пат, мега дербито ќе биде одиграно во Тетово. ”Милионерите” оваа сезона се сретнаа еднаш во првата лига. На тој натпревар нашиот Вардар издвојуваше висока победа од 3:0.
Пред неделниот натпревар во нашиот табор се поставува прашањето со кој 11-мина тренерот Седлоски ќе истрча на ова жешко гостување. Сите знаеме дека оваа сезона во нашиот тим мака мачат многумина играчи со повреди. Најдобриот наш бек, Хамбарџумјан сигурно нема да игра и на оваа дерби пресметка. Потоа Попов се врати, но далеку е од посакуваната форма, исто така и Блажевски. Но, доаѓа и една добра вест. Се очекува во недела во врвот на нападот да биде нашиот најдобар стрелец Боарето Балотели. Балотели се повреди во Кратово, но веќе неколку денови тренира и за очекување е да започне од првата минута и да биде задолжен да ја тресе противничката мрежа. Остануваат уште два дена нашите момци максимално да се подготват за овој дерби натпревар.