ФФМ ги делегираше судиите за новото коло од ПМФЛ. На мега дербито во Тетово главен судија ќе биде најдобриот судија од Македонија, скопјанецот Александар Ставрев. Ставрев на многу пати ни судел на вакви важни натпревари, а се надеваме дека токму на оваа пресметка искусниот судија одлично ќе си ја заврши својата задача, односно нема да има никакво негативно влијание кон играта и нашиот тим.
Натпреварот започнува в недела од 14-30 часот.