Љубителите на Македонскиот фудбал и секако сите Вардарови навивачи ќе имаат можност во периодот од 18.07 (сабота) до 21.07 (вторник), да купат оригинален дрес на фудбалскиот клуб Вардар. Тоа можат да го сторат во “Вардар Фаншопот“ кој се наоѓа кај спортскиот центар Јане Сандански. Цената е промотивна и ќе изнесува 1.500 денари.
Убава прилика сите кои го немаат досега посетено фаншопот на Вардар, тоа да го сторат и да купат црвено-црн дрес. Таква можност ќе има и на самиот ден на одигрување на мечот во ЛШ, помеѓу Вардар и Апоел. Да ја обоиме целата арена црвенo-црна. Работното време на Вардар Фаншоп продавницата е од Понеделник – Недела од 10.00 – 22.00 часот.