Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познат распоредот и термините на женскиот дел од “Вардар турнирот“
Познат распоредот и термините на женскиот дел од “Вардар турнирот“

Познат распоредот и термините на женскиот дел од “Вардар турнирот“

Покрај машкиот ракометен клуб и женската екипа на Вардар ќе биде домаќин на силен меѓународен “Вардар турнир“, кој ќе се игра во периодот од 29-ти август до 1-ви септември. На турнирот ќе учествуваат силни европски екипи, меѓу кои и актуелниот европски првак, екипата на Будуќност. Тимовите ќе бидат поделени во две групи, составени од три екипи. Нашите девојки ќе играат во групата “А“ заедно со Германски Лајпциг и подравка од Хрватска. Во групата “Б’ се наоѓаат Будуќност, Савенхоф (Шведска) и екипата на Ростов Дон (Русија). Сите натпревари ќе се играат во спортскиот центар Јане Сандански. Првите пласирани од двете групи ќе играат во големото финале на овој турнир.

Распоредот и термините на одигрување на сите натпревари е следниов:
29 август Вардар – Лајпциг (20:00) Будуќност – Ростов Дон (18:00)
30 август Вардар – Подравка (20:00) Будуќност – Савехоф (18:00)
31 август Подравка – Лајпциг (20:00) Савехоф – Ростов Дон (18:00)
1 септември финале (20:00), за трето место (18:00), за петто место (16:00)

Претходно, Вардарки ќе учествуваат на уште еден силен меѓународен турнир “Букурешт трофеј“ кој ќе се одржи во периодот од 20- 23-ти август во Букурешт. Тука Вардар силите ќе ги одмери со домаќинот ЦСМ Букурешт и Корона Брашов (Романија). Потоа следуваат и мечевите за пласман. Во другата група се наоѓаат: Будуќност, Ростов Дон и Баја Маре (Романија). Овие два турнири ќе бидат најсилна подготовка за нашиот шампион, пред новите предизвици кои им престојат во Лигата на Шампионите.