Алена Ихнева со својата репрезентација е победник на универзитетските игри за селекции до 23 години, кои се одржаа во Кореја. Руската селекција во финалниот натпревар беше подобра од домаќинот Јужна Кореја со резултат 38:36 и така се закитија со златото. Ракометарката на Вардар на овој турнир успеа да постигне вкупно 15 голови и со своите само 19 години да се наметне во составот на Руската репрезентација.
Ихнева дојде минатата сезона во нашиот шампион од екипата на Лада Тољати, и беше седми најдобар стрелец во изминатата сезона на Лигата на Шампионите. Зад нејзиното име беа впишани вкупно 26 погодоци. Со доаѓањето на Сања Дамнјановиќ конкуренцијата на левата бековска позиција се повеќе се зголемува. Сепак Ихнева е млада ракометарка, која располага со голем талент и квалитети и очекуваме добри настапи и во следната сезона.