Пионерите на ФК Вардар завршија на петтото место во Лигата со 42 освоени бодови. Оваа генерација не беше комплетна сезонава, со оглед дека неколку играчи беа прекомандувани да играат за повозрасни генерации, што беше шанса за останатите играчи да дојдат во преден план.
Тоа го искористи Михаил Кузмановски, кој е најдобар стрелец за пионерската екипа на Вардар, во натпреварувачката сезона 2021/22. Кузмановски кој игра на неколку различни позиции, сезонава постигна вкупно 12 голови, додека второто место е за играчот од средината на теренот, се работи за Тино Спасиќ.
Листа на стрелци во пионерската екипа на Вардар:
1. Михаил Кузмановски -12
2. Тино Спасиќ -8
3. Дарко Сековски -7
4. Агрон Туша -6
5. Горјан Цветков и Зоран Фидановски -5
6. Лука Јакимовски, Алтин Алији и Максим Бундалески -3
7. Михаил Јаневски, Арбин Курти, Димитар Папазов и Дамјан Цикарски -2
8. Филип Радевски, Стефан Ристовски, Давор Серафимов и Никола Уневски -1.
Кузмановски може да се пофали со податокот дека се наоѓа и во ТОП-5 најдобри стрелци во пионерската Супер Лига. Првото место го делат Богданоски од Работнички и Ливарека од Скопје со 23 постигнати голови, додека третото место е за Талески од А.Пандев со 16 голови. Кузмановски, заедно со Манајлов (Работнички) и Каримани (Шкендија) имаат по 12 погодоци сезонава.
Информациите за листата на стрелци, се земени од комет системот на фудбалската федерација на Македонија.