Генерацијата 2006 на фудбалскиот клуб Вардар успеа да стане Шампион на Македонија, во својата дебитантска сезона во рамките на помладата Пионерска Супер Лига. Оваа генерација која во двата дела од сезоната беше предводена од два различни тренери, докажа дека е најквалитетна во својата категорија, екипа која се смета за надежна и успешна и во наредниве години. Саше Божиноски беше човекот кој ги предводеше во есенскиот дел од сезоната, за во вториот дел Сашо Јанев да продолжи со оваа генерација, ова беше всушност негово враќање не само во Вардар, туку и во генерацијата 2006 со која работеше кога екипата беше дел од Детската Лига на ФФМ.
Успеавме да го освоиме првото место со 59 бодови, или само три повеќе од екипата на Работнички, која со 56 бодови заврши на втората позиција во првенството. На 24 одиграни натпревари, црвено-црните остварија 19 победи, 2 нерешени резултати и 3 порази. Имаа убедливо најдобар напад со 77 постигнати голови, како и втора најдобра одбрана во лигата, со 20 примени погодоци.
Во продолжение погледнете ги сите постигнати резултати на помладите пионери во лигата:
1 коло: Брегалница – Вардар 0:3
2 коло: Вардар – Кул 5:2
3 коло: Шкендија – Вардар 1:1
4 коло: Вардар – Работнички 1:0
5 коло: Скопје – Вардар 0:11
6 коло: Њу Старс – Вардар 0:1
7 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 5:0
8 коло: Шкупи – Вардар 3:2
9 коло: Вардар – Академија Пандев 2:0
10 коло: Пелистер – Вардар 1:4
11 коло: Вардар – Победа 3:1
12 коло: слободни
13 коло: Вардар – Ренова 6:0
14 коло: Вардар – Брегалница 1:1
15 коло: Кул – Вардар 0:1
16 коло: Вардар – Шкендија 3:2
17 коло: Работнички – Вардар 0:1
18 коло: Вардар – Скопје 10:0
19 коло: Вардар – Њу Старс 2:1
20 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар 2:0
21 коло: Вардар – Шкупи 2:1
22 коло: Академија Пандев – Вардар 0:2
23 коло: Вардар – Пелистер 7:0
24 коло: Победа – Вардар 4:1
25 коло: слободни
26 коло: Ренова - Вардар 1:3
Успехот имаше двојна „тежина“ со оглед дека оваа вардарова генерација го освои и Купот на Македонија и на тој начин ја обедини двојната круна. Во големото финале, Вардар беше подобар од екипата на Победа, која ја совлада со резултат 3:2. Ова натшреварување го стартувавме од 1/4 финалето, додека во 1/8 финалето бевме слободни.
1/4 финале: Вардар – Шкупи 5:0
1/2 финале: Шкендија – Вардар 0:1
ФИНАЛЕ: Вардар – Победа 3:2
Успешна сезона за генерацијата 2006 на ФК Вардар, која покажа квалитет и навести дека и во новата сезона ќе биде број еден претедент за освојување на домашното првенство, како и националниот Куп.