Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров: Среќен сум во Вардар, тоа е мојот дом
Дибиров: Среќен сум во Вардар, тоа е мојот дом

Дибиров: Среќен сум во Вардар, тоа е мојот дом

Вардар и во новата сезона ќе биде дел од Лигата на Шампионите, а Тимур Дибиров останува во клубот, со кој освои двојна Европска Круна. Иако постоеа информации дека може да го напушти Скопје, сепак Дибиров се реши да ја продолжи верноста со црвено-црните за уште најмалку една сезона.

Во интервју за „Балкан Хендбол“, Дибиров зборуваше за одлуката да продолжи со Вардар, клуб каде ги направи и најголемите успеси во својата кариера.

-Јас и клубот сакавме да го продолжиме договорот. Никогаш не се ставав над Вардар, ниту амбициите, ниту мислењето. Сите мои пријатели и соиграчи знаат дека сакав да останам, но имаше некои проблеми кои мораше да се решат. Јас сакав клубот да си ги реши проблемите и да продолжи да се развива. Сакав да ги видам амбициите на клубот и каква ќе биде ситуацијата. Сè стана полесно откако ја освоивме двојната круна. Ако не играте во Лигата на шампиони, тешко е да ангажирате добри ракометари, но среќен сум во Вардар, тоа е мојот дом.

Дибиров говореше и за ривалството со екипата на Пелистер, која е најсериозен конкурент на Вардар во домашните натпреварувања.

-Битката за титулата е одлична за македонскиот ракомет. Каде што има конкуренција расте нивото на ракометот и на репрезентацијата. Знаевме дека ќе биде тешко по тој пораз во Скопје. Тие имаат одлична публика и беше навистина голем предизвик. Но, големите екипи на такви натпревари покажуваат зошто се на врвот, истакна Дибиров.