Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Пораз од РК Пролет за кадетите на меморијалниот турнир „М.Божиновски“ (Видео)
Пораз од РК Пролет за кадетите на меморијалниот турнир „М.Божиновски“ (Видео)

Пораз од РК Пролет за кадетите на меморијалниот турнир „М.Божиновски“ (Видео)

На првото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“ кој започна од вчера, и во првото коло РК Вардар го совлада тимот на РК Бутел. Црвено-црните момци, денес во 2.коло одиграа натпревар со тимот на Пролет на кои беа поразени со 35-30. По два дуела имаме половичен успех на овој турнир.

Дуелот започна рамноправно по една третина од првиот период на почетокот на 11.минута на семафорот имаше резултатска симетрија, резултатот беше 4-4. Потоа следеа наши минути во кои ние успеавме да се одлепиме, во 19.минута водевме со три плус (11-08) и ја контолиравме играта. Екипата на Пролет успеа да се врати на резултатски план и до одморот изедначи, на пауза се замина со реми разултат 13-13.

Катастрофално отворивме во вториот дел, ривалот беше во налет и направи голема серија, тие со серија 5-0 се оделпија на 18-13. По овој пад се обидовме да се вратиме, но сепак не успеавме во тоа. Скопскиот ривал успеа да го исконтолира резултатот и дојде до победа со пет гола повеќе, тие не совладаа со резултат 35-30 на крајот.
Видео од натпреварот може да се погледне на следниот ЛИНК!