Вчера започна првото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, на истиот во првото коло РК Вардар се сретна со тимот на РК Бутел. Црвено-црните момци на овој турнир за ракометари до 18.години отворија со победа, ние триумфиравме со резултат 37-32.
Двата тима беа започнаа рамномерно, на почетокот беше 2-2, потоа се играше претежно гол за гол и постојано двата колектива беа околу резултатската симетрија се до 10-10 во 17.минута. Вардар успеа да се одлепи на секој погодок на ривалот враќаше со двојна мерка и поведе со три плус (15-12) во 21.минута. На одмор заминавме со комотни пет гола плус , за време на паузата водевме со резултат 21-16.
Не отворивме најдобро во вториот дел, по 12.минута ривалот успеа да изедначи на 26-26, по што следеше минута одмор побарана од Пепи Манaсков поради консултации и прекин на налетот на противникот. Повторно ја заигравме нашата игра, ние бевме тимот кој успеа го контролира дуелот и да се одлепува на резултатски план. Победата дојде до високи пет гола позива, односно со резултат 37-32.
*Видео од целиот натпревар може да погледнете на следниот ЛИНК!