Дејан Блажевски ја играше својата последна сезона во дресот на Вардар, после која се одлучи да стави крај на играчката кариера.
Популарниот „Шиле“ го носеше црвено-црниот дрес во два наврати на вкупно 155 натпревари на кои што постигна 45 голови и освои три шампионски титули во дресот на нашиот клуб.
Засекогаш ќе биде запамтен како дел од генерацијата која што го направи најголемиот успех во историјата на клубот и се пласираше во групната фаза на Лигата на Европа.
Како што извесија од клубот, Дејан Блажевски ќе остане во Вардар, но со друга функција.