ФК Вардар пројавил силен интерес да го види назад во своите редови крилниот играч Јован Попзлатанов. Според информациите на ,,Вардар Фанс” , Вардар веќе подолго време му има ,,фрлено око” на крилниот играч кој веќе го има носено дресот на ,,црвено – црните”.
Доколку успее Вардар да дојде до потписот на Попзлатанов, тоа ќе биде вистинско засилување и полн погодок по крилните позиции на теренот. Можеби токму Попзлатанов ќе биде тој што ќе го замени Блажевски кој заминува во пензија, останува да видиме.
Вардар до овој момент потврди едно ново име, а се раздели со дури единаесетмина.