Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Квист: Ќе се трудиме максимално
Квист: Ќе се трудиме максимално

Квист: Ќе се трудиме максимално

Капитенот на Копенхаген, Вилијам Квист најави дека неговиот тим нема така лесно да се предаде и дека на денешниот натпревар шанси за победа и пласман понатаму имаат и двете екипи.

“Вардар има предност од првиот меч. Знаете тоа е можеби многу голема предност, доколку можат да ја задржат и на реваншот. Но, исто така може да биде и многу мала, доколку ние успееме да одиграме според нашите очекувања”.

Противникот на денешениот меч се надева на поддршка од своите навивачи.

“Ќе се трудиме максимално, имаме желба повторно да играме во групите во Лигата на шампионите. Се надевам дека ќе имаме огромна и громогласна поддршка од нашите навивачи” , изјави капитенот ФК Копенхаген, Вилијам Квист.