Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Нова сезона, иста цел за екипата на ЖРК Вардар која ги стартуваше подготовките
Нова сезона, иста цел за екипата на ЖРК Вардар која ги стартуваше подготовките

Нова сезона, иста цел за екипата на ЖРК Вардар која ги стартуваше подготовките

Екипата на ЖРК Вардар вчера ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона. На првиот собир беа присутни сите ракометарки, кои во новата сезона ќе го носат црвено-црниот дрес. Тука се и најновитге засилувања, Драгана Цвијиќ, Полина Кузнецова, како и Македонските репрезентативки, Јована Саздовска, Теодора Керамитчиева и Мирјета Бајрамовска.

Неколку дена ќе се тренира во Јане Сандански, по што екипата ќе замине на подготовки во Златибор. Во периодот од 23-26-ти август, женската екипа на Вардар ќе биде домаќин на турнирот “Трофеј Вардар„ кој ќе го има своето второ издание. На турнирот ќе настапат вкупно шест екипи, кои ќе бидат поделени во две групи од по три тима. Вардарки ќе бидат во група со екипите на Будуќност и Краснодар. Во другата група се наоѓаат ЦСМ Букурешт, Оденсе и Ростов Дон.

Црвено-црните ќе се обидат во својот петти обид да стигнат до толку посакуваната европска титула. Секако дека имаме екипа и сила да се оствари конечната цел. Тренерскиот тандем во новата сезона ќе го сочинуваат Дибирова и Станковски.