Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Јовица Радевски: Третото место е успех, со оглед дека игравме со силни и квалитетни екипи од балканот
Јовица Радевски: Третото место е успех, со оглед дека игравме со силни и квалитетни екипи од балканот

Јовица Радевски: Третото место е успех, со оглед дека игравме со силни и квалитетни екипи од балканот

Кадетите на фудбалскиот клуб го освоија третото место на силниот меѓународен турнир во Фоча (БИХ). На истиот одиграа три натпревари, забележувајќи две победи и еден пораз. Триумфиравме во дуелите со Сутјеска и Марибор, додека бевме поразени од тимот на Ријека. Позитивни впечатоци доаѓаат од Фоча, за нашите кадети кои одиграле три добри натпревари, како прв предизвик пред почетокот на новата натпреварувачка сезона во домашните натпреварувања. Дел од Вардаровите кадети на овој турнир беше Јовица Радевски, кој како стартер ги започнуваше мечевите на овој силен меѓународен турнир во БИХ. Тој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од целокупниот турнир, организацијата приемот на домаќинот, од одиграните натпревари и постигнати резултати на својата екипа.

vardarfans-turnir

-Целата екипа, а и тренерот сме презадоволни што учествувавме на еден добар и квалитетен турнир. Организацијата беше на врвно ниво, немаше никакви пропусти, благодарение на организаторите. Мислам дека сите екипи што учествуваа се многу квалитетни што покажуваа и самите резултати. Нашите противници беа сериозни екипи, кои ја имаа истата желба за првото место. Во првиот натпревар влеговме јако со голема мотивација, што и на крај се исплатеше со победа,  додека во полуфиналниот натпревар со Ријека, бевме рамноправни, пруживме отпор на противникот, но за жал бевме поразени. Во натпреварот за третото место против екипата на Марибор, бевме посилен противник, имавме многу шанси и на крајот остваривме победа. Иако тргнавме со желба за првото место, немавме доволно среќа, го освоивме третото место што е голем успех за нас, покрај такви силни и квалитетни екипи, покажавме одлична игра.

vardarfans-kadeti

Оваа генерација, која во минататите две години настапуваа како пионери, во новата сезона ќе ја предводи тренерот Влатко Колев.

-Со новиот тренер Влатко Колев ги започнавме припремите и за краток период се прилагодивме на тренинзите на новиот тренер, но има уште некои ситници кои треба да ги усовршиме до почетокот на сезоната.

Звонко Ивановски