Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Николов: Дај боже да испишеме историја, бидејќи македонската јавност заслужува вакво нешто
Николов: Дај боже да испишеме историја, бидејќи македонската јавност заслужува вакво нешто

Николов: Дај боже да испишеме историја, бидејќи македонската јавност заслужува вакво нешто

Денес е голем ден за Вардар и Македонија. Вечерва црвено-црните го играат реванш натпреварот против Копенхаген и со предност од 1:0 ќе го започнат дуелот на арената “Телиа Паркен„. Големи се очекувањата кај Вардаровиот табор во пресрет на натпреварот, кој може да значи историја, како за клубот така и за фудбалот во Македонија. Вардар има голема можност во најмала рака да обезбеди директен пласман во групната фаза од ЛЕ или да игра во плејофот од лигата на шампионите. Остануават уште 90 минути за добар натпревар на нашите момци и за надигрување со противникот. Николов на три натпревари оваа сезона во ЛШ, постигна два гола и е еден од важните алки во играта на тренерот Гоце Седлоски. Во пресрет на овој дуел, репрезентативеот Бобан Ниолов ги сподели своите очекувања:

-Моите очекувања и на соиграчите е да излеземе на терен и да одиграме како на последните три натпревари, да покажеме уште еднаш како се игра за Вардар и дај боже да испишеме историја, бидејќи македонската јавност заслужува вакво нешто. Не можеме да ветиме ништо, само можеме да потврдиме дека ќе излеземе на терен и ќе дадеме максимум. Не треба да не загрижува противникот, треба ние да сме максимално и 100% посто подготвени. Ако ние одиграме како што знаеме, мислам дека нема да имаме проблеми да забележиме позитивен резултат. Ќе биде полесно ако постигнеме гол, не дојдовме тука да се браниме и со бело знаеме, туку ќе излеземе како на дуелот со Малме на гостински терен и на домашниот натпревар против Копенхаген да победиме. Многу е битно да постигнеме гол, бидејќи во голема мера ќе ни ја олесни работата.